Фото: илустрација / Слободен печат

Моторџија настрада попладнево на „Партизанска“, некој отворил врата од кола што стоела на семафор

Возач на мотоцикл од Скопје е тешко повреден во несреќа која се случила попладнево на „Партизанска“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 19.02.2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “пежо”, патничко возило “бмв” и мотоцикл “сузуки” управуван од А.К. кој при отворање на предната десна врата од страна на совозацот од патничкото возило “пежо” Д.О. паднал на коловозот и удрил во патничкото возило „БМВ“. Со тешки телесни повреди се А.К. се здобил со тешки повреди, констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски”.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Измамници лажеле две Тиквешанки дека се лекари, им барале пари „за операција на блиски“ — жените ги намирисале и не наседнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот