Моторџиите од полноќ ќе плаќаат за 40 отсто поевтина патарина

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението.

Почна примената на новата методологија со која од полноќ мотоциклистите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  ја реализира најавата за нови цени за патарина за моторџиите.

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше усвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

– Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец”, „Миладиновци”, „Тетово”, „Гостивар”, „Глумово” и „Желино”. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце” и „Стоби”, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот” и „Отовица”, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија”.

– Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението.

ДОБРА ВЕСТ: Моторџиите ќе плаќаат помали патарини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот