ДОБРА ВЕСТ: Моторџиите ќе плаќаат помали патарини

Јавна благодарност до ЈП Државни патишта изрази Мотоциклистичката Федерација на Македонија поради промената на висината за наплата на надоместок за патарина за мотоциклите, при што мотоциклите се во посебна категоризација со помал надоместок.

Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли, при што на нивно големо задоволство добија позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое беше задоволено нивното барање.

Според информациите кои ги добивме, сега мотоциклистите ќе плаќаат поевтина патарина по методологијата на пресметување која се користат во регионот, така што коефициентот на искористеност на возилата се смета како 1, додека за мотоциклите ќе биде 0.6, или тоа би значело околу 60 проценти од искористеноста на патиштата.

Па така до цената се доаѓа, доколку цената според методологијата изнесува 23-24 денари, со заокружување (средна цена пример 25 денари) ќе се земе пониската вредност или 20 денари, а доколку изнесува 26-27 денари ќе се наплатува 30 денари.

Патен правец                                          Стара цена                                    Нова цена 

Куманово -> Миладиновци 60 денари 40 денари
Скопје -> Петровец 40 денари 20 денари
Петровец -> Велес 80 денари 50 денари
Велес -> Градско 60 денари 40 денари
Скопје -> Миладиновци 40 денари 20 денари
Тетово -> Гостивар 30 денари 20 денари
Гостивар -> Тетово 30 денари 20 денари
Скопје -> Тетово (Гл) 40 денари 20 денари
Тетово -> Скопје (Же) 40 денари 20 денари

– Ние сме премногу задоволни од реализацијата на ова барање, затоа што по долго време добивме позитивен одговор. Ова го сметаме како наш голем успех и изразуваме благодарност до институциите. Ние постојано до Владата доставуваме барања со цел да се подобрат условите на користење на патиштата, и на спортски план, и како превозни средства, па така очекуваме и во иднина да имаме добра соработка – вели Ленин Јовановски, претседател на клубот „Ноќни волци“ и член на Управниот одбор на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од Европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите, па од Федерацијата се среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нив ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваат.

Од Мотоциклистичка Федерација на Македонија информираат дека продолжуваат во континуитет да работат на подобрување на состојбите во мотоциклизмот, особено на полето на безбедноста во сообраќајот и интензивно се работи кон на доближување, па се до целосно имплементирање на Европските норми кога е во прашање мотоциклизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот