Мото ГП: Жоан Зарко најдобар на трката за Големата награда на Франција
Возачот на тимот „Кастрол Хонда ЛЦР“, Французинот Жоан Зарко, е победник на денешната трка во шампионатот Мото ГП за Големата награда на Франција.
Препорачано
Зарко ја оствари својата втора победа во кариерата во „кралската класа“ во Ле Ман со време од 45:47.541. Второто место му припадна на возачот на Дукати, Марк Маркез, Шпанија, со заостанување од 19,907 секунди зад победникот.
Трет беше возачот на тимот Гресини Рејсинг, Шпанецот Фермин Алдегер, кој беше 26,532 секунди зад Зарко.
Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро од Франција, излета од патеката во третиот круг, а Шпанецот Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг мораше да се откаже во 23 круг. Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја, ја заврши трката на 16 позиција.
Француското Гран При беше обележано со дожд, доцнење на стартови, замена на мотоцикли и бројни казни за возачите. На трката во Ле Ман присуствуваа околу 120.000 навивачи.
Првото место во генералниот пласман на возачи го држи Марк Маркез со 171 поен, додека Алекс Маркез е втор со 149.
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 25 мај за Големата награда на Велика Британија.


