МОТО ГП: Триумф на Оливеира на последната трка сезонава

Возачот на Тех3 КТМ, Мигел Оливеира триумфираше на трката за Големата награда на Португалија која е последна оваа сезона во Мото ГП шампионатот.

Младиот Португалец на домашен терен, на патеката „Алгарве“ дојде до втората победа оваа сезона и втора во најсилната класа, а вкупно 14. во кариерата.

Оливеира беше доминантен на денешната трка, водеше од првиот па се до последниот круг. Веќе во вториот круг направи предност од една секунда пред Франко Морбидели и оттогаш првото место во ниту еден момент не му беше загрозено.

На второто место се пласира возачот на Прамак Дукати, Џек Милер кој имаше заостаток од три секунди, додека последното место на победничкиот подиум му припадна на Франко Морбидели од Петронас Јамаха.

Новиот шампион во Мото ГП класата, Жоан Мир кој титулата ја обезбеди минатата трка во Валенсија, денеска не ја заврши трката поради проблеми со моторот на 10. кругови до крајот.

Прочитајте и...  ЕХФ одлучи: женското ЕП ќе се игра само во Данска

Поврзани вести

АБА Лига: Црвена звезда го доби неизвесното вечно дерби со Партизан

Слободен печат

Саутемптон ја испушти победата против Вулверхемптон

Слободен печат

Лејкерси имаат пеколен план, идното лето доаѓа Јанис

Слободен печат

ВИДЕО: Сите одбрани на Митревски со кои ги излуде ракометарите на Спортинг

Слободен печат

Гвардиола ја означи првата мета во преодниот рок, и не е Меси

Слободен печат

Двојаковски нов кошаркар на Академија ФМП

Слободен печат

Остави Коментар