Мото ГП: Каква трка – Еспаргаго посилен и од шампионот, но и од дождот на Силверстоун

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Шампионатот во Мото ГП стигна до деветтата трка сезонава, која попладнево се возеше во Силверстоун, за Големата награда на Британија.

Финишот на денешната трка ќе се раскажува уште долго, а како победник излезе возачот на Априлија, Шпанецот Алеш Еспаргаро.

Во последниот круг успеа да го претекне актуелниот шампион Франческо Бањаја и тоа со гуми на суво и тоа во услови на дожд.

Навистина, голем подвиг на Еспаргаро, за кого ова е само втора победа во кариерата. Првата ја постигна минатата сезона во Аргентина.

Третото место на подиумот го зазеде Бред Биндер од КТМ.

Бањаја водеше во поголемиот дел од трката, но дождот му го поремети планот. Не се снајде најдобро во изменетите услови, но затоа Еспаргаро покажа како се вози на дожд и на крајот дојде до спектакуларна победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот