Мото ГП: Хорхе Мартин е победник на трката во Јапонија

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Во рамките од Мото ГП шампионатот возачот на „Прамак Дукати“, Хорхе Мартин е победник на трката за Големата награда на Јапонија на патеката Мотеги, која се возеше во скратен формат од 12 наместо 24 круга поради обилните врнежи од дожд.

Ова беше двојна победа за Мартин од ден претходно беше најбрз во спринтерската трка, а покрај него на подиумот беа Франческо Бањаја од „Дукати“ и Марк Маркез од „Репсол Хонда“.

Следат Марко Бецеки, Алеш Еспаргаро, Џек Милер, а во топ 10 завршија и Аугусто Фернандеш, Фабио Ди Џанантонио, Раул Фернандес и Фабио Квартараро.

Прв во генералниот пласман со 319 бодови е Бањаја, го следи Мартин со 316, додека трет е Бецеки со 265 бодови.

Според календарот следната трка во „кралската“ класа ќе биде во Индонезија за две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот