Мотив повеќе за играчите на Сити, специјален гостин во Истанбул после 13 години

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер сити денеска ќе игра уште едно историско финале од Лигата на шампионите во Истанбул каде е голем фаворит против Интер.

„Граѓаните“ ќе имаат поголема мотивација бидејќи на трибините на стадионот „Ататурк“ ќе има специјален гостин.

Имено, сопственикот на „Сити Фудбал Груп“, во чија сопственост е Манчестер сити, шеикот Мансур, во живо ќе го следи настапот на играчите на Пеп Гвардиола.

Интересно е што ова ќе биде првпат Мансур да го гледа Манчестер сити во живо од трибините по речиси 13 години.

Притисокот никогаш не бил поголем, изгледа, но нема сомнеж дека Сити ќе направи сè за да ја освои првата европска титула во клупската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот