Моноклоналната „коктел терапија“ за ковид-19 дава добри резултати, околу половина е веќе потрошена

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Терапијата со моноклонални антитела дава добар ефект кај пациенти заболени од Ковид со тешки хронични заболувања, а од околу 600 пациенти кои ја примиле, починале само неколкумина, објави ТВ24.

Инфектолозите велат дека коктел-терапијата со антитела, која ја блокира инфекцијата, делува добро кај пациентите, иако нема прецизна анализа за нејзиното дејство. Терапијата се дава еднократно, во инфузија.

– Терапијата се дава строго по сериозни индикации во рана фаза до 10 тиот ден од болеста кај пациенти кои имаат коморбидитети, а имаат добар тек на живот со хроничната болест. Кај најголем дел од нив инфекцијата престанала, кај други продолжила, починаа двајца или тројца кај кои најверојатно лекот е даден доцна заради непрецизни податоци кога почнала болеста. – вели за ТВ24 д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

И во ковид-центарот на интерните клиники потврдуваат дека од досега дадените 100 ампули, искуството е позитивно, а кај нив не починал ниту еден пациент. Според протоколите, терапијата се дава кај пациенти со лесен тек на болеста, кои не се зависни од кислород, за да се превенира лошиот тек поради хронични состојби како леукемија и други малигни заболувања, имунолошки болести и слично.

Министерството за здравство во јули набави терапија за третман на 1200 пациенти. Лекот е набавен преку рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаа 19 земји членки на Европската унија, велат здравствените власти. Тендерот е спроведен од Европската комисија во Брисел, а парите се обезбедени преку Светска банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот