МОН побара од ДИЦ да ја лоцира одговорноста за направениот пропуст при полагање на екстерниот испит по англиски јазик

Фото: МИА

Министерството за образование и наука го задолжи Државниот испитен центар да ја лоцира одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на државната матура за, како што наведува „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“.

Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, тие ќе бидат споделени со јавноста, соопшти МОН.

Пробиени матурските тестови по англиски јазик, се решаваат заеднички на вибер

Министерството информира и дека побарало од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.

Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, тие не се случија. Така што, очекуваме промените да се иплементираат во следната учебна година, со што ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите, соопшти Министерство за образование и наука.

Тестовите од државна матура не се пробиени туку споделени- вели ДИЦ

Поранешниот претседател на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ вчера посочи дека тоа што се случи на екстерниот испит по англиски јазик е пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства, тој вели дека не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил.

„Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле да се препишува“, посочи Павиќевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот