Тестовите од државна матура не се пробиени туку споделени- вели ДИЦ

Фото: Профимедиа

Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Од таму велат дека реагираат бидејќи по медиумите се ширеле информации дека тестовите по англиски јазик обиле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер.

-Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата. Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ. Тестови не се пробиени до 10 часот кога и започнува тестирањето, тестови се споделени во рамките на Вибер групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш ТЕСТОТ НЕ Е ПРОБИЕН, туку е споделен откако е започната реализацијата на испитот“, се вели во демантот на Државниот испитен центар.

Оттаму велат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.

-Државниот испитен центар апелираше до сите матуранти и до сите останати вклучени во реализацијата на државната матура да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.

Државниот испитен центар ќе постапи согласно законските и подзаконските акти за сите матуранти доколку ги нарушиле правилата за реализација на испитите согласно законските и подзаконските акти“, додаваат од ДИЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот