Maкедонија/РФМ

Момците на Лазаров вечерва на прв тест во Швајцарија, противник е Бахреин

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.30 часот) против Бахреин го стартува настапот на традиционалниот „Жолт куп“, турнир кој секоја година се одржува во Швајцарија.

По интензивните и квалитетни подготовки во Пореч и Скопје, стручниот штаб и ракометарите јасно ја имаат поставено целта, преку три натпревари во три дена да се фати посакуваниот натпреварувачки ритам, неопходен за оптимална форма пред настапот на Европското првенство во Хернинг.

Иако Македонија важи за фаворит во дуелот со Бахреин, резултатот е во втор план. Поважно ќе биде да се забележи напредок во играта и да се направат последните корекции пред вистинските предизвици што следуваат на ЕП 2026.

„Атмосферата е одлична, успеавме колку толку да се одмориме, иако имавме тежок пат. Утрово имавме некоја активација да се видиме до каде сме и можам да кажам дека е одлично. Подготвени сме за вечерва, стручниот штаб има некои тактики кои ќе се обидеме да ги спроведеме вечерва како за прв натпревар пред Европското првенство, ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да победиме пред се за нас за да ја кренеме атмосферата и уште повисоко ниво“, изјави пред натпреварот репрезентативецот, Михаил Аларов.

По вечерашниот меч со Бахреин, македонските ракометари утре ќе се соочат со Украина, додека в сабота, во последниот натпреварувачки ден, ќе играат против домаќинот Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот