Момче умрело во ерупција на Везув пред 2000 години, во мозокот му нашле совршено зачувани неврони

Ова спектакуларно откритие е вредно не само затоа што е археолошка реткост, туку и бидејќи овозможува до најситните детали да се утврдат сите фази на ерупцијата на вулканот.

Италијанските археолози, 2000 години по ерупцијата на вулканот Везув, која се случила во 79 година на Новата ера, откриле „совршено зачувани неврони“ кај една од жртвите на ерупцијата.

„Нашето откритие е без преседан. Како ерупцијата да ги „замрзнала“ мозочните клетки на жртвата и тие останале зачувани 2.000 години“, изјави форензичкиот антрополог Пјер Паоло Петроне, од Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.

„Резултатите од студијата покажуваат дека процесот на витрификација (застаклување) што се случил во Херкуланеум, антички град во подножјето на Везув, е многу уникатен бидејќи ги замрзнал невронските структури на мозокот на жртвата, 20-годишно момче, поради што тие до денес останале недопрени“, објасни Петроне.

Структурата на мозочните клетки сè уште е видлива во црниот стаклест материјал пронајден во черепот на жртвата. Научниците го објавија ова  со објаснување дека застаклувањето се случило како резултат на екстремното загревање и брзото ладење.

Ова спектакуларно откритие е вредно, не само зашто е археолошка реткост, туку и бидејќи овозможува до најситните детали да се утврдат сите фази на ерупцијата на вулканите, како и да се утврди што и на кој начин им се случувало на жртвите на вулканската ерупција.

Врз основа на ова откритие и врз основа на реконструкцијата на минатото, можеме да предвидиме и да утврдиме мерки за заштита од идни ерупции на секој вулкан во светот“, рече професорот Петроне.

Пронаоѓањето на сочувано мозочно ткиво во археологијата е ретко, но во некои случаи сепак може да се зачува стотици или илјадници години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот