Момче од Скопје завршило во болница, претерало со енергетски пијалак
17-годишно момче од Скопје завршило на дежурен лекар откако испило голема количина енергетски пијалак, објави „Канал 5“.
Препорачано
Лекарите предупредуваат дека кај младите сè почесто се забележува тренд на претерано пиење вакви пијалаци богати со кофеин и таурин, кои често се користат за одржување будност и дополнителна енергија. Енергетските пијалаци не смеат да им се продаваат или служат на деца, но забраната ретко кој трговец или угостител ја почитува.
Токсикологот проф. д-р Андон Чибишев, за „Канал 5“ изјави дека внесувањето енергетски пијалоци во големи количества може сериозно да го наруши здравјето.
„Со овие производи земени во голема количина може да се предизвика висок притисок, а исто така влијаат и на нервниот систем. Може да предизвикаат еуфорично и несоодветно однесување што носи негативни последици“, вели Чибишев.
Особено загрижувачки, нагласува тој, е што енергетските пијалоци стануваат дел од „забавата“ кај децата и тинејџерите, кои често ги комбинираат со алкохол.
Таквата комбинација, вели Чибишев, може да биде исклучително опасна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
35мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


