Моќни жени на денешницата: Транс модел, тенисерка и пејачка ги красат насловните на „Sports Illustrated“

меган ти сталион наоми осака лејла блум
ФОТО: Инстаграм

 Прочуениот магазин ги урива сите табуа, отстапувајќи им ги насловните страници на Лејна Блум, Наоми Осака и Меган Ти Сталион.

„Sports Illustrated“ ги објави овогодишните модели на насловните страници, на кои се појавуваат пејачката Меган Ти Сталион, тенисерката Наоми Осака и транссексуалниот модел и актерка Лејна Блум. Јапонската тенисерка Наоми Осака (23) се појави на насловната страница на познатотo списание „Sports Illustrated“, што беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што ги пропушти последните два грен-слема, Ролан Гарос и Вимблдон, поради проблемите со депресијата.

Оттука и изненадувањето за нејзините обожаватели и навивачи, како и за тенискиот свет, што се согласила да биде модел за прочуениот магазин, и тоа во костим за капење, што е првпат во историјата спортистка со темна кожа да се појави во тоа издание.

„Нема сомнение дека Наоми е една од најдобрите спортистки во светот, а насловната позиција очигледно се наметна. Своите претходни години ги помина освојувајќи титули и тргна кон Олимписките игри. Но, ние ја славиме Наоми поради нејзината страст, сила и моќ насочена кон постојаното рушење на бариерите кога станува збор за еднаквоста, социјалната правда и менталното здравје“, е пораката на уредништвото на познатото списание.

Очигледно е дека Осака сега е многу подобра ментално, згора на тоа, таа блеска пред објективот и нема сомнеж дека ги чека Олимписките игри во добро расположение во својата земја, каде што, без сомнение, ќе важи за една од фаворитките за злато.

Четирикратната освојувачка на грен-слем е фотографирана во асиметричен едноделен костим за капење со проѕирни делови, а носи и обетки од школки. Осака освен што е врвна тенисерка, стана и модна икона. Неодамна се појави и на насловната страница на престижното списание „Vogue“.

Лејна Блум урива бариери во модниот свет. Таа веќе прошета на модните ревии во Париз и ги краси насловните страници на модните списанија. Што се однесува до Меган Ти Сталион, таа е магнетна сила што како бура го освојува светот.Заедно, овие жени претставуваат три од најмоќните гласови на денешницата, заклучуваат од „Sports Illustrated“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот