МОК: За пет македонски спортисти е потврдено учеството на Олимпијадата во Токио

Фото: facebook.com/darko.kostovski.543

МОК е единствена надлежна институција во нашата држава за одредување на составот на Олимписката делегација која ќе учествува на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Македонскиот олимписки комитет информира дека заклучно со 22 јуни 2021 година, спортисти за кои е потврдено учеството на 32 Летни олимписки игри во Токио (23 јули-8 август 2021 година) се:

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо „А“ Олимписка норма
2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил „А“ Олимписка норма
3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)

МОК во зацртаниот рок, исклучиво врз основа на официјално доставена документација од страна на Меѓународната пливачка федерација (FINA), на 20 јуни 2021 година достави апликација за Универзално место (вајлд карта) за еден пливач и една пливачка и тоа за:

1. Филип Дерковски – 732 ФИНА поени
2. Ева Петровска – 714 ФИНА поени

До овој момент, МОК нема добиено никаков официјален документ или каква и да е потврда од страна на ФИНА за кој и да е друг спортист. МОК е во процес на преговори со ФИНА и со Пливачката федерација на Северна Македонија за расчистување на оваа ситуација, која треба да биде разјаснета до 1 јули 2021 година.

МОК за оваа ситуација е исто така во тесна комуникација со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), имајќи во предвид дека МОК, според ИОК е единствена надлежна институција во нашата држава за одредување на составот на Олимписката делегација која ќе учествува на Олимписките игри ТОКИО 2020.

– Имајќи во предвид дека ниту една државна институција или единица за локална самоуправа не се обратила до МОК за добивање на соодветни инфорамции, а исто така до МОК не се обратил ниту еден електронски медиум (ТВ, веб портали, печатени медиуми и слично), информираме дека МОК како и секогаш стои на целосно располагање на јавноста и државните институции за каква и да е релевантна и официјална комуникација – информира Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот