Модри од пендреци и ѓонови – лекар сведочи за демонстрантите претепани од полицијата во Минск (ФОТО)
Лекарот наведе дека повеќето пациенти биле млади на возраст околу 20 години и дека рекле дека биле претепани во текот на нередите, потоа и во полициските комбиња и во станиците.
Доктор по ултразвучна дијагностика од болницата во Минск за „Белсат“ зборуваше за демонстрантите кои ги претепала белоруската полиција во текот на протесттие кои избија по спорната победа на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија.
Препорачано
Како што раскажа, во текот на ноќта 11-12 август болницата примила многу пациенти кои биле претепани и мачени. Лекарите заклучиле, дека ако не проговорат за тоа, ќе станат соочесници во злосторството.
– Тоа не е дури ни шок, бидејќи е невозможно да се замисли дека такво нешто е можно во нашата земја. Може да ви го кажам само она лично што сум го видела. Не бев на должност секој ден, но работев ноќта 11-12 август. Во тоа време примивме претепани луѓе, наведе неименуван лекар.

– Ми доведоа четири тешко претепани пациенти и пациенти со рани од куршуми и други повредени, но нив ги испративме во други болници. Со сопствени очи видов многу модринки на моите пациенти. Луѓето беа модри од претепување, немаше недопрено место, вели тој.

Лекарот укажа дека е познато дека модринките ја повторуваат формата на објектот кој ја нанел, па так виделе отисоци од пендрек по телата на пациентите.
Please, RT! Watch how detainees were treated in jail in Minsk. Many of them had to stay overnight in such humiliating pose. Moreover, they were constantly beaten and intimidated. pic.twitter.com/5n77f4uI5A
— Franak Viačorka (@franakviacorka) August 21, 2020
– Едно од момчињата имаше траги од ѓон од полициски чизми среде лице. Како на него да имал знак за удирање. Зошто така би удриле човек во лице, не разбирам – рече тој за „Белсат“.
Лекарот наведе дека повеќето пациенти биле млади на возраст околу 20 години и дека рекле дека биле претепани во текот на нередите, потоа и во полициските комбиња и во станиците.


