Многу забава, медаљи и нов рекорд на Македонија на 5. Орион куп

Викендов, на Олимпискиот базен во Скопје се одржа  5. Орион куп во пливање на кој учествуваа 21 клуб од Македонија и од Косово. Пливачкиот митинг го организираше ПВК „Орион“ и истиот се одржа со строго почитување на пропишаните ковид-мерки за натпревари.

Најдобри перформанси според освоени ФИНА бодови имаа пливачите: во машка категорија – Јован Јанковски од ПВК „Орион“, Андреј Стојановски од ПК „Нептун“ и Божидар Мирчевски од ВИП „Работнички“,  а во женска категорија – Јана Милковска од „Вардар 2018“, Хана Беиќи и Ерина Идризај од „Х2О“ – Приштина.

Никола Ѓуретановиќ од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ на овој митинг постави нов рекорд на Македонија во дисциплината 200 м мешано, со испливано време 2:22.31 во категорија постари пионери.

Никола Ѓуретановиќ

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на 5. Орион куп.

Пливачите на ПВК „Орион“
Пливачите на ПК „Нептун“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот