Многу тимови во битка: Серија А судена за Несторовски!?

EPA/CORRADO LANNINO

Претходно беше објавено дека Палермо е исфрлен во Серија Ц, по што веќе започнаа и низата шпекулации околу заминувања на играчи, а меѓу нив се наоѓаат и нашите двајца репрезентативци.

Голема желба на Илија Несторовски беше да го врати Палермо во елитата како еден од главните носители на играта, но целта ќе остане неисполнета и оваа сезона.

Има договор со клубот од Сицилија до 30 јуни 2021 година, но сега прашање е дали до крај ќе го одработи.

Според хрватските медиуми, Хајдук кој се спрема за европското лето ги посакува услугите на 29-годишниот напаѓач. Токму во Хрватска се прослави со своите одлични перформанси во дресот на Интер Запрешиќ преку кој направи трансфер во Италија.

Несторовски би можел секако и по „скретен пат“ до Серија А, се разбира доколку прифати некоја од понудите кои што досега доаѓаа на негова адреса. Не е прв пат да се објави интерес од Фиорентина, Аталанта, Удинезе, Болоња, Сасуоло, Џенова, Парма, а истите се активни и годинава…

Исто така се шпекулира дека Лече е подготвен да влезе во преговори за Трајковски, стрелец на осум голови, како што известува „Кориере дело спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот