Многу мајстори носеле „11“ на грбот

Повеќе славни имиња низ историјата на фудбалот го носеле овој број на дресовите на своите клубови или репрезентации, во разни епохи.

Иако бројот „10“ и бројот „9“ се пославни кога се работи за фудбалот, и бројот „11“ го носеле некои од најдобрите фудбалери на светот. Иако „11“ обично е поврзувана со позицијата лево крило, ја носеле и ја носат и играчи кои играат на други позиции во нападот.

Секоја листа на најдобри фудбалери кои носеле дрес со одреден број може да се нарече необјективна затоа што тешко можат да се воспостават стриктни критериуми за споредба. Сепак, интересно е да се издвојат неколкумина најдобри фидбалери во било каква споредба. Ова е листа на неколкумина најдобри светски фудбалери што го носеле дресот со број „11“.

Рајан Гигс – легендата на Манчестер јунајтед

Рајан Гигс е легенда на Манчестер јунајтед. Еден од најуспешните фудбалери на сите времиња, Рајан Гигс, му беше верен само на еден клуб. Целата своја играчка кариера ја мина во Манчестер Јунајтед.
Откако дебитираше во 1990 година, репрезентативецот на Велс настапи на повеќе од 950 меча во сите натпреварувања за клубот, постигнувајќи 168 голови. За тоа време, Гигс освои 34 трофеи со Јунајтед, вклучувајќи 13 титули во Премиерлигата и две титули во Лигата на шампионите.
Гигс (46) помина едно време и како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, пред да стане асистент на Луис ван Гал во клубот. Тој во моментов е менаџер на репрезентацијата на Велс.

Рајан Гигс (Манчестер јунајтед)

Ривалдо – Во Барса покажа што знае

Ривалдо се смета за еден од најдобрите напаѓачи што играле фудбал. Способен да игра на повеќе напаѓачки позиции, Ривалдо стана познат како име во Палмеирас и Депортиво Ла Коруња, пред да се пресели во Барселона. Во Барса, Бразилецот се етаблира како еден од најдобрите во светот и беше познат по својата голгетерска способност и техника.
Тој ја напушти Барселона во 2002 година и играше за Милан и Олимпијакос. За Бразил, Ривалдо забележа 74 настапи, постигнувајќи 35 гола.

Ривалдо (Барселона)

Ромарио – го носеше бројот 11 за Бразил

Познат по својата голгетерска способност, многумина често го сметаат Ромарио како еден од најголемите напаѓачи што играле фудбал. Иако тој можеби не го носеше бројот 11 на ниво на клуб на постојана основа, Ромарио беше „единаесетка“ за Бразил во поголемиот дел од својата кариера со националниот тим. Напаѓачот играше во клубови како ПСВ Ајндховен, Барселона и Валенсија за време на неговата играчка кариера и секогаш беше дораснат на својата задача да дава голови.
За Бразил, Ромарио забележа 70 настапи, постигна 55 гола. Тој се повлече од спортот во 2009 година, а во моментов е политичар во Бразил.

Франциско Хенто – Предводникот на Реал Мадрид

Познат како еден од најдобрите крилни фудбалери, Франциско Хенто го помина поголемиот дел од кариерата играјќи во Реал Мадрид. Ја започна својата кариера во Расинг Сантандер, па се пресели во Реал Мадрид во 1953 година и помина 18 години во клубот, играјќи како лево крило. Шпанскиот репрезентативец забележа повеќе од 600 настапи во сите натпреварувања за клубот, постигнувајќи 178 голови.
Генто се пензионираше во 1971 година, а потоа беше тренер на клубови како Реал Мадрид Кастилја, Паленција и Гранада. Во моментов е почесен претседател на Реал Мадрид.

Франциско Хенто (Реал Мадрид)

Дидие Дрогба – Легенда на Челси

Еден од најдобрите напаѓачи што играле во Премиерлигата, Дидие Дрогба е нашироко познат како легенда на Челси. Дрогба го носеше бројот 11 во Челси поголемиот дел од времето минато таму. Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска е четврти стрелец во клубот на сите времиња, а исто така има постигнато повеќе голови од кој било друг странски играч за „сините“. Познат по неговата способност за гол во финишот, напаѓачот се сметаше за играч за големи натпревари.
Дрогба во Челси имаше 381 настапи, постигна 164 голови и 86 асистенции. Тој исто така го носеше бројот 11 за Брегот на Слоновата Коска, како и за клубови како Марсеј, Галатасарај и Шангај Шенхуа.

Мохамед Салах – Клучен играч во Ливерпул

Го сметаат за еден од најдобрите играчи во светскиот фудбал. Кариерата на Мохамед Салах е во нагорна траекторија откако се приклучи на Ливерпул. Премиерлигашот Челси го купи Египќанецот од Базел во 2014 година, но Салах не успеа да се наметне кај „сините“. Беше позајмен во Фиорентина, а потоа следуваше и Рома, која реши да го купи. Една сезона подоцна, Ливерпул плати 37 милиони фунти за неговите услуги.
За Ливерпул египетскиот репрезентативец забележа 164 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 105 голови и даде 42 асистенции. Тој играше клучна улога во освојувањето на Ливерпул во Лигата на шампионите и Премиер лигата под раководство на Јирген Клоп и продолжува да биде клучен играч за клубот.

Мирослав Клозе (Германија)

Мирослав Клозе – Рекордерот на Германија

Успесите на Мирослав Клозе за репрезентацијата на Германија честопати имаат тенденција да ги стават во втор план неговите настапи на клупско ниво. Клозе го држи рекордот за најмногу постигнати голови на светските првенства на ФИФА, а е и најдобар стрелец на сите времиња за Германија. На клупско ниво, 42-годишникот направи име во Кајзерслаутерн пред да заигра за клубови како Вердер Бремен, Баерн Минхен и Лацио.
Клозе го носеше дресот со број 11 за Германија во поголемиот дел од својата кариера и беше исто така „единаесетка“ на Лацио. Тој се пензионираше во 2016 година, а моментно е помошник тренер на првиот тим во Баерн Минхен.

Марко Ројс (Борусија Дортмунд)

Марко Ројс – Важна улога во Дортмунд

Треба да се запрашаме како кариерата на Марко Ројс (31) би се развила, да не беа повредите. Во својот најубав период, Ројс се сметаше за еден од најдобрите млади крилни напаѓачи во светот. Капитенот на Борусија Дортмунд продолжува да игра клучна улога за својот клуб, а има вредни настапи и за репрезентацијата на Германија.
Сепак, постојаните долготрајни повреди направија крилниот напаѓач да пропушти некои клучни настани, вклучително Светското првенство во 2014 година, кое го освои Германија. Тој е клучен играч на Дортмунд откако се приклучи на клубот во 2012 година; оствари 278 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 132 гола и 83 асистенции.

Драган Џајиќ – Балканско чудо

Поранешната „единаесетка“ на Црвена звезда и на југословенската репрезентација е еден од најпотценетите леви крила во сторијата на фудбалот, велат многу експерти.
Големиот Пеле еднаш кажа: „Џајиќ е балканско чудо. Вистински волшебник. Жалам што не е Бразилец бидејќи не сум видел друг фудбалер со токлу природна дарба“. Џајиќ играше во 60-тите и 70-тите години. Годинава е земен како кандидат во изборот за најдобрите 11-мина во фудбалската историја во изборот што го организира „Франс фудбал“.
Во југословенската репрезентација има одиграно 85 меча и има постигнато 23 гола. Европски вицепрвак е во синиот тим во 1968 година. Најпознат е по настапите во Црвена звезда каде има одиграно вкупно 391 меч и постигнал 155 гола.

Герет Бејл (Реал Мадрид)

Герет Бејл – Многу трофеи со Реал

Последните години на Герет Бејл во Реал Мадрид можеби не одеа според планот, но тој играше клучна улога во успесите на „белите“ за време на неговиот престој таму.
Откако стана познат во Тотенхем, Бејл се приклучи на Реал Мадрид во тогаш светски рекорден трансфер тежок 85 милиони фунти (2013). Веднаш му беше врачен дресот со бројот 11, а истиот број го носеше во текот на целата своја кариера во Реал Мадрид. Велшкото крило забележа 251 меча во сите натпреварувања за шпанскиот гигант, постигнувајќи 105 гола и 68 асистенции. И покрај освоените четири титули во Лигата на шампионите во клубот, тој се раздели со Реал поради менаџерот Зинедин Зидан. Тој во моментов е во Тотенхем на позајмица, каде го носи бројот 9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот