Шпагети - Фото: pexels-klaus-nielsen

Многу луѓе погрешно ги готват тестенините: Еве колку сол треба да додадете

Многу луѓе мислат дека не можат да погрешат кога готват тестенини. Сè што ви треба е врела вода и сол. Но, за оние на кои им се чинат кашести и преварени, научниците идентификуваа клучен чекор во готвењето.
Наместо да додадете прстофат сол, тие велат дека всушност треба да додадете седум грама на литар вода. Ова е потребно за да се спречи распаѓање на тестенините.

„Готвењето тестенини со соодветна количина сол не е само прашање на вкус. Откривме дека солта не само што го подобрува вкусот на тестенините. Таа влијае и на микроструктурата на тестенините“, рече меѓу другото Андреа Скоти, професор по хемија на Универзитетот Лунд.

Тимот користел напредни техники, вклучувајќи забрзувачи на честички, за да утврди како се менува структурата на тестенините за време на готвењето. Тие исто така откриле дека тестенините треба да се готват 10 минути за да се постигне идеална конзистенција.

Резултатите од истражувањето објавени во Food Hydrocolloids покажаа дека глутенот игра клучна улога во заштитата на структурата на тестенините за време на готвењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот