ММФ испрати сериозно предупредување: јавниот долг на ЕУ може да „експлодира“

Ситуацијата со јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би предизвикало штета на економијата на Унијата, доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им порача денес Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ, пишува Политико.

„Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменети политики, долгот на просечната европска земја би достигнал 130 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2040 година, што е речиси двојно повеќе од денес“, се вели во документот презентиран на министрите за финансии за време на неформалниот состанок во Никозија, Кипар.

Фондот, исто така, предупреди дека владите на ЕУ ќе се соочат со зголемен притисок врз трошоците за одбрана, енергија и пензии во следните 15 години.

ММФ: Глобалниот долг би можел да надмине 123 проценти од глобалниот БДП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот