Младинската ракометна репрезентација на Македонија со триумф стартуваше на ЕП

фото: РФМ

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на Европското првенство У20 што се одржува во Словенија.

Во СС „Златорог Арена“ во Целје во средата нашите ракометни надежи убедливо со конечен резултат 31:21 славеше против Црна Гора.

Најефикасен во нашата селекција беше Димитар Узунчев со осум голови, а по пет запишаа Дамјан Калајџиески и Мирче Субашевски.

На спротивната страна шест погодоци имаше Андреј Добрковиќ, а два помалку забележа Милорад Бакиќ.

Во следното коло в четврток избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во рамките од групата „А“ со почеток од 12.00 часот ќе играат против Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот