Фото: МВР архива / илустрација

Млади Украинки се затекнати во кафеана на нивна врсничка во Тетовско – МВР вели дека се можни жртви, но сепак ќе им пише пријави

Полицијата минатата ноќ упаднала во кафеана во тетовското село Горно Седларце во сопственост на 27-годишна жена, каде открила четири млади државјанки на Украина, кои се можни жртви на трговија со луѓе, соопшти полицијата.

„На 02/03.12.2025 во периодот од 22:30 часот до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во содејство со ОВР Гостивар, на подрачјето на Полициското одделение Камењане извршиле акциска контрола за откривање на странски државјанки кои илегално престојуваат во државата, кои непријавено работат и кои се можни жртви на трговија со луѓе“, велат од МВР.

Иако во првиот дел од соопштението пишува дека младите жени се можни жртви на трговија со луѓе, во полициското соопштение нема најава за истрага која евентуално би можела тие сомневања да ги потврди. Во вториот дел, од МВР најавуваат пријави против Украинките за наводно престојување во Македонија различно од целта што ја навеле при влез во државата.

„При акциската контрола, во угостителски објект, во с.Горно Седларце, каде управител е 27-годишната Ј.Ц. од Тетово, биле затекнати и приведени О.М.(24), А.Ф.(24), А.В.(28) и А.Т.(27), сите од Украина, кои имале пријавен престој во с.Жеровјане, но престојувале спротивно на целта (на нивниот наведен престој во државата, н.з.). Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот