Младенци на свадба заразиле 21 лице

Фото: Unplash

Полицијата во Метковиќ (Хрватска) ја заврши кривичната истрага која утврди дека хрватска државјанка (28) и нејзниот сопруг Германец (32 години) сториле кривично дело ширење и пренесување на заразни болести и по нив е издаден налог за апсење.

Утврдено е дека на нивната свадбена веселба кон средината на овој месец во угостителски објект во Метковиќ не биле почитувани епидемиолошките мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот, пропишани со одлуката на Штабот за цивилна заштита од 11 јуни годинава.

На таа забава е утврдено дека 21 лице е заразено со вирусот корона, објави полицијата. Имајќи предвид дека, како што се наведува, сторителите на ова кривично дело во моментот се наоѓаат надвор од Хрватска, по нив е распишана потерница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот