Фото: Слободен печат

Млада кавадарчанка дивеела „под гас“ на бензинска пумпа во 6:30 наутро

Млада жителка на кавадаречкото село Ваташа утрово предизвикала инцидент на бензинска пумпа во Кавадарци, по што е уапсена, соопшти МВР.

Жената, според полицијата, е приведена откако со недолично и дрско однесување ги вознемирувала вработените и туркала предмети во објектот на бензинската станица. Од СВР Велес соопштија дека настанот се случил утринава во 6:30 часот.

„Полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир. По доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземањето мерки, кај жената биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, се вели во соопштението од СВР Велес.

Таа била задржана во полициска станица, а од МВР најавија соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот