Млад Англичанец избодел неколку луѓе во Корнвол

Британска полиција/ Фото:ЕПА

Англиската полиција уапси 24-годишен човек за напад со нож врз неколку лица во областа Бодмин во Корнвол на југозападот на Англија, при што еден маж (30) беше убиен, а уште седум лица беа повредени.

Полицијата добила дојава дека на плоштадот Викторија во Бодмин во неделата биле избодени неколку лица, а млад човек од тој град е уапсен под сомнение за убиство, обид за убиство и тешка телесна повреда со умисла, јавува „Скај”.

Вишиот инспектор Илона Росон, од тимот за истрага на големиот криминал на полицијата во Девон и Корнвол, рече дека станува збор за изолиран напад.

Полициската истрага е во тек и би ги повикала луѓето да не шпекулираат на социјалните мрежи, но доколку имате информации кои би можеле да ни помогнат, ве молиме пријавете ги“, додаде таа.

Началникот на локалната полиција во Источен Корнвол, Роб Јангман, рече дека истрагата е во рана фаза и дека може да се очекува зголемено полициско присуство околу Бодмин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот