Мизрахи: Министерството на проблеми мора да стане министерство на решенија

Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита.

Министерството на проблеми мора да стане министерство на решенија, објави на првиот работен ден новата техничка министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

– Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро. Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита. Доаѓа време на одлуки и промени. Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина, напиша на својот фејсбук профил Мизрахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот