Митревски: И да не ја доиграме сезоната, да го искористиме летото за тренирање

фото: kfsm.mk

Сезона во која настапуваше на три кошаркарски нивоа. Освен она репрезентативното, со македонската кадетска селекција, како играч на Феникс 2010 паралелно играше во Втората лига..

Беше најдобриот, најефикасниот играч на Македонија на Европското кадетско првенство во Италија. Иако само со 16. наполнети години, Андреј Митревски влезе и во конкуренција за избор на најдобриот млад кошаркар за изминатата година.

Сезона во која настапуваше на три кошаркарски нивоа. Освен она репрезентативното, со македонската кадетска селекција, како играч на Феникс 2010 паралелно играше во Втората лига, но и во една „повозрасна категорија“, лигата за играчи под „Под 18“ години.

Но, и тоа не му посмета и во овој „домашен сегмент“ да биде еден меѓу најдобрите во својата „Kласа 2003“, дури и во поширока конкуренција.

Со своите врсници од генерацијата на играчи родени 2003 година, пак, им овозможи на оние помладите, да бидат дел од „А“ дивизијата за оваа календарска година.

Сепак, пандемијата на коронавирусот едноставно не им даде на нивните „наследници“, но и неговите репрезентативни соиграчи да направат уште еден европски исчекор. Да и донесат на кошаркарска Македонија уште поголема „стабилност“, пред се кога се зборува за резултатите во младинскиот репрезентативен сегмент.

Влегувањето во поширокиот состав на нашата сениорска репрезентација го сфатив како еден вид признание од селекторот Александар Тодоров за сработеното на Европското Првенство за играчи „Под 16“ години во Удине. Но и поттик за влегување на нашата У-18 селекција во „А“ дивизија. Извесно, не е сеедно за развојот на младите кошаркари дали ќе настапуваат на ЕП во „Б“ Дивизија или пак ќе ги одмерат силите со своите врсници од поквалитетните селекции како што се Шпанија, Србија, Италија и останатите од „А“ Дивизијата.

По корона кризата, односно дали ќе ги продолжиме натпреварите во јуни, или пак ќе ја чекаме новата сезона во октомври, според мене, и не е толку битно. Најважно е да го искористиме летото за тренирање – се зборовите на младиот репрезентативец на официјалниот сајт на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот