Зимзоленд во Лисиче / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Митески се крие зад процедури и рокови наместо итно да реагира за „Зимзоленд“, тврдат од Левица

Ниту инспекциите, ниту најавите дека е започната постапка за отстранување, па ниту тврдењето на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека не може кој сака и каде сака во главниот град да поставува реквизити, не го помрднаа од место „Зимзоленд“.

Скопскиот градоначалник дури јавно изрази уверување дека неговиот колега од Аеродром, градоначалникот Дејан Митески ќе постапи во врска со оваа манифестација, за која се утврди дека работи нелегално од многу аспекти.

Од Општина Аеродром молчат зошто се уште ништо не преземаат, а според нивниот последен одговор за „Слободен печат“, тие уште на 28 ноември започнале инспекциска постапка. Нејасно е зошто таа постапка трае толку долго и зошто се дозволува граѓаните масовно да го посетуваат забавниот парк и покрај утврдените неправилности, но очигледно, како што тргнало, „Зимзоленд“ сам ќе се затвори на 4 јануари, додека е најавено дека ќе трае.

Денеска за ова реагираа од Левица.

И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа опасност, „Зимзоленд” во Општина Аеродром и понатаму работи. Наместо итна реакција, градоначалникот се крие зад процедури и рокови и ја префрла одговорноста. Во меѓувреме, безбедноста на граѓаните – а пред сè на децата – е занемарена, истакна Горан Костовски, советник од Левица.

Обвинителството испитува дали „Зимзоленд“ предизвикува општа опасност

Според него законот е јасен – кога постои опасност, објектот мора веднаш да се затвори, но како што вели, тоа очигледо не важи за градоначалникот Митески, кој и покрај констатираните пропусти од повеќе инспекции, Градот Скопје и јавните предупредувања, досега нема ниту една конкретна мерка за затворање или отстранување на опасните реквизити.

Советниците од Левица јавно побараа општината да делува, но како што велат добиле само празни уверувања дека „процедурата е во тек”.

Прашањето е едноставно: дали институциите ќе реагираат навреме или повторно ќе чекаат трагедија за да преземат одговорност?, истакна Костовски.

Зимзо(л)енд – дали нелегалната зимска бајка во Скопје ќе заврши предвреме?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот