Фото: Илустрација / Архива на „Слободен печат“

Мистериозна супстанција во куќа во Ново Мексико: тројца мртви, итните служби се во карантин

Тројца се пронајдени мртви во рурална куќа во Ново Мексико, а повеќе од десетина спасувачи беа ставени во карантин и прегледани откако при интервенцијата биле изложени на непозната супстанција. Властите првично биле повикани поради сомнеж за предозирање, а истражителите сè уште утврдуваат дали непозната супстанција е поврзана со смртните случаи, објави „Асошиејтед прес“.

Во куќата во Маунтенаир, источно од Албукерки, првин биле пронајдени четири луѓе без свест, соопшти полицијата на Ново Мексико. Тројца починале, додека, пак, четвртот бил на лекување во болница во Албукерки, соопшти полицијата. Нивните имиња не беа објавени.

Првите спасувачи, што пристигнале во куќата, биле изложени на супстанцијата и почнале да чувствуваат симптоми, меѓу кои гадење и вртоглавица, соопштија властите.

Антонет Алгвајр, доброволна пожарникарка во Маунтенаир, помогнала при реанимација на жена надвор од куќата и гледала како медицинари и пожарникари почнале да кашлаат, да повраќаат и да чувствуваат вртоглавица кај хелиодромот. Алгвајр рече дека искуството било застрашувачко, иако таа не влегла внатре и немала никакви симптоми.

Таа се запрашала дали првите спасувачи во иднина ќе мора да преземаат дополнителни мерки за заштита.

— Доаѓа до точка кога мора да живееме во страв, дури и кога спасуваме животи — рече Алгвајр.

Пациент заразен со ебола пристигна во Европа

Која е супстанцијата?

Истражителите работат на идентификација на супстанцијата. Градоначалникот на Маунтенаир, Питер Нието, рече дека видел дрога на местото на настанот и го посочи тоа како можен фактор за смртните случаи. Тој рече дека здравствените проблеми што ги почувствувале луѓето не биле поврзани со јаглерод моноксид или со изложеност на природен гас.

Полицијата на Ново Мексико соопшти дека нема опасност за јавноста.

— Во овој момент, истражителите веруваат дека супстанцијата може да се пренесува преку контакт и не сметаат дека е воздушно пренослива — рече полицаецот Вилсон Силвер.

Речиси дваесетина пациенти биле прегледани и деконтаминирани по изложеноста на супстанцијата, соопшти Универзитетската болница во Ново Мексико. Повеќето од нив биле први спасувачи кои реагирале и кои немале симптоми и подоцна биле пуштени дома, соопштија болничките власти. Тројца пациенти со симптоми биле под надзор во средата вечерта, соопшти болницата.

Полицијата останала на местото на настанот до доцна попладнето, додека телата не биле изнесени од куќата.

Мештаните од Маунтенаир, мало место со помалку од 1.000 жители, се потресени од трагедијата. Градоначалникот Нието рече дека зависноста и злоупотребата на супстанции се проблем што бара поддршка, одговорност и образование.

Двајца млади скопјани се пронајдени починати во викендичка во Гостиварско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот