Фото: depositphotos.com / илустрација

Двајца млади скопјани се пронајдени починати во викендичка во Гостиварско

Двајца млади скопјани синоќа се пронајдени мртви во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица. Случајот, како што соопшти полицијата, бил пријавен синоќа нешто пред полноќ во гостиварската полиција.

– Станува збор за 30-годишните Т. Ј. и И. Н., двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта – се вели во соопштението.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Загина работник од Дебар, паднал од зграда додека местел прозорци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот