Мистерија стара една деценија: Тетратката во која е запишана последната желба на Драган Николиќ сè уште не е пронајдена
Денеска се навршуваат 10 години откако нè напушти легендарниот актер Драган Гага Николиќ, оставајќи зад себе мноштво незаборавни улоги по кои генерациите ќе го паметат. Иако неговиот живот бил исполнет со големи актерски достигнувања, во последните години од својот живот, Гага имал една голема желба која, за жал, не стасал да ја исполни.
Препорачано
Драган Николиќ во 2013 година почнал да ги запишува најинтересните и најинтимните епизоди од својот живот. Неговиот план бил многу јасен:
– Би сакал да се сними филм за мојот живот. Кога ќе го завршам, ракописот ќе му го предадам на драматургот Ѓорѓе Милосављевиќ за да го обликува во сценарио за филмска приказна – рекол Гага во тоа време.
Она што ја направило оваа негова последна мисија посебна бил начинот на кој пишувал. Легендарниот актер ја избегнувал модерната технологија и останал верен на пенкалото и хартијата. Неговиот став за тоа останал запишан во изјавата:
– Не користам компјутер. Никогаш не сум напишал е-пошта, избегнувам да пишувам СМС-пораки. Телефонот ми служи за кратко да разговарам со некого, да се договориме за место да се изнаприкажеме. Имам потреба да се гледам со луѓето, а не да разговарам со нив со часови по телефон. Компјутерите ми се одбивни. Знам дека би ми ја олесниле ситуацијата, но повеќе сакам вака да работам. Внимателно размислувам пред да запишам нешто. А размислувањето е најважното нешто за секое пишување – рекол тој претходно за српските медиуми.
За жал, Гага не успеал да го заврши овој скапоцен ракопис. Деценија по неговата смрт, сè уште не се знае каде се наоѓа тетратката од која не се разделил и на која ѝ ги доверил своите најинтересни животни приказни.
Инаку, неговата најголема љубов, сопругата Милена Дравиќ, страдала затоа што таа и Драган Николиќ немаат деца.
– Да се биде родител е едно искуство и нешто што му е потребно на секое живо суштество за продолжувањето на видот. Фактот дека немаме деца го сметам за голем недостаток, а не маана, но едноставно така е. Тоа ни дава шанса да ги гледаме сите деца како свои. Ја имаме нашата мала внука Ива, која има пет и пол години. Таа ни надомести за сè што немавме и целиот наш свет се врти околу неа – рекол Николиќ, кој важел за ненадминат џентлмен.
– Драган и јас немаме деца, но целиот живот сме семејство. Бидејќи двајцата сме врзани за нашите семејства. И двајцата ја обожаваме нашата внука, внуката на мојот брат и двајцата сме многу грижливи кон најблиските – заклучил тогаш легендарниот Николиќ.


