„Мистер“, ти благодариме: Марчело Липи ја заврши тренерската кариера!

Фото: EPA PHOTO ANSA/LANCIA/DEF/mr

Легендарниот стручњак Марчело Липи одлучи да се повлече. Тој беше одличен фудбалер, но уште подобар како тренер, а после скоро илјада натпревари на клупите на клубовите и репрезентациите одлучи дека е доволно.

Пензионерските денови ќе ги помине гледајќи фудбал, во спортот во кој остави голема трага..„Мистер“ моментно има 72 години и неговото наследство од фудбалот нема да биде заборавено.

– Завршив со тренирањето. Можеби бил корисен во некои други улоги, ќе видиме. Ништо пред наредната пролет. Но, што се однесува до тренирањето, доста е – рече Липи за „Радио Спортива“.

Тренерската кариера ја започна уште во 1982 година во јуниорските категории на Сампдорија, а ја заврши во 2019 година на клупата на кинеската репрезентација.

Најмногу успеси имаше со Јувентус кога петпати ја освои титулата во Серија А, како и трофејот во Лигата на шампионите (сезона 1995/96).

А секако најмногу ќе се памети како ја водеше репрезентацијата на Италија до трофејот на СП 2006 во Германија. Воедно освојувач на голем број индивидуални признанија..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот