Мислела дека ја болат бубрезите, а таа всушност се пораѓала

Лизи Квах, 23-годишна инструкторка по танц од САД, на социјалните мрежи ја сподели својата неверојатна животна приказна. Лизи имала страшни болки во пределот на половината, а поради тоа што и порано имала проблеми со бубрезите, мислела дека станува збор за истата состојба, односно дека камењата во бубрезите повторно ѝ создаваат проблеми.

Младата девојка заминала во болница каде што ѝ биле направени сите потребни анализи. Сепак, резултатите од анализите покажале шокантна вистина. Имено, лекарите ѝ соопштиле дека не станува збор за болка предизвикана поради болните бубрези, туку дека станува збор, ни помалку ни повеќе, за породилни болки.

Болките биле последица на пукањето на воденикот, а бебето веќе било на пат да се роди. Лизи веднаш била префрлена во родилна сала и по неколку часови родила здраво женско дете.

– Навистина се чувствував исто како кога пред три години имав „напад“ на бубрезите, кој беше предизвикан од тоа што имам камења во каналите. Но, всушност, јас се пораѓав, а не ни знаев дека сум била трудна. Во изминатите месеци многу јадев и малку вежбав, па зголемувањето на тежината го припишував на тоа. Исто така, мислев и дека имам редовна менструација, но откако се случи породувањето, лекарите ми објаснија дека всушност станува збор за лажна менструација т.е. за крвавење на постелката – раскажала младата мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот