Мишел: Се раширија три нови мутации на ковид-19, неважните патувања остануваат ограничени

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел ги повика земјите-членки да ги почитуваат заедничките принципи кога станува збор за ограничувања на патувањата, со цел да се спречи ширењето на пандемијата на ковид-19, особено на новите мутации на вирусот.

Лидерите на ЕУ наведуваат дека три нови мутации на коронавирусот веќе се раширија во многу земји-членки и оти неважните патувања и натаму може да бидат ограничени, а мерките пропорционални.

– Мора да обезбедиме проток на стоки и на услуги на единствениот пазар низ зелените коридори. Очекуваме Европската комисија да се погрижи овие правила да се почитуваат, рече Мишел.

По состанокот со лидерите на ЕУ, претседателот на ЕС повика на солидарност со трети земји во дистрибуцијата на вакцините, како преку Ковакс механизмот, така и преку механизмот на ЕУ за трансфер на вишок вакцини од земјите членки.

– Се согласивме да продолжиме да ги делиме вакцините со соседите и партнерите. Здравствените работници треба да бидат први заштитени и нашата помош треба да ја добие секој што има потреба од тоа, вклучително и Африка, Западен Балкан, Латинска Америка и земјите од Источното партнерство, истакна Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот