Мишел Обама / Фото: EPA-EFE/DEMOCRATIC NATIONAL CONVENTION HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Мишел Обама откри дека одеднаш направила 10 нови пирсинзи на ушите

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во нова епизода од својот поткаст сподели дека некогаш направила дури десет нови пирсинзи на ушите и тоа одеднаш, пишува „Пипл“.

Таа за ова разговараше со својот брат Крег Робинсон, со кого го води поткастот, откривајќи што научиле еден за друг откако започнале со заедничкиот проект.

„Сфатив дека си ги дупнала ушите и мислеше дека не сум забележал, а јас гледам дека имаш направено толку многу нови пирсинзи“, ѝ рекол Робинсон низ шега.

Мишел признала дека мислела оти тоа нема да му падне во очи.

„Отсекогаш размислував да направам уште неколку пирсинзи, но никогаш не доаѓав до тоа. Денес младите носат повеќе обетки, тоа е еден вид украсување“, објаснила таа.

На прашањето колку точно направила, Мишел открила дека првично планирала само неколку, но на крајот се одлучила за повеќе.

„Додека седев таму, ѝ велев на девојката што ги ставаше обетките да додаде уште. Така одеднаш направив десет пирсинзи“, рекла таа.

Кон крајот на минатата година, во разговор за списанието „Пипл“, Мишел зборуваше и за својата нова книга, како и за тоа како нејзиниот изглед бил перцепиран и критикуван додека беше прва дама. Таа истакна дека денес има слобода да носи што сака, вклучително и омилената фризура – плетенки.

„Плетенките ми овозможуваат кога ќе ги направам повеќе да не размислувам за косата. Кога не сум во јавност, пливам, играм тенис, а плетенките за мене претставуваат вид слобода“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот