Мишел: Договорот со Велика Британија е најдобар исход за сите наши граѓани и компании

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел изјави дека постигнувањето на договор за воспоставување на блиски односи меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија е  „голем чекор напред”.

– Сеопфатниот договор со нашиот сосед, пријател и сојузник е најдобар исход за нашите граѓани и компании, посочи Мишел.

Тој истакна дека ЕУ во преговорите со Велика Британија покажала единство и одлучност.

– Ова беа многу предизвикувачки преговори, но процесот не е завршен. Сега е време на ЕС и на Европскиот парламент да го анализираат договорот постигнат на ниво на преговарачи, пред да дадат зелено светло, наведе Мишел.

Постигнатиот договор ЕК треба да се потврди на состанок на еврокомесарите, како и во парламентите на ЕУ и на Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот