Мирослав Лајчак за дружбата со Епстин: Машко его, ја плаќам цената
Поранешниот словачки дипломат Мирослав Лајчак се огласи за прв пат по објавувањето на e-пораките што го поврзуваат со случајот Џефри Епстин. Во кратко интервју за словачкото радио, тој призна дека некои од неговите комуникации биле несоодветни, пренесува Еуроњуз.
Препорачано
„Покажав лоша проценка… изрази на машко его. Тие е-пораки беа самодоволни разговори“, рече Лајчак, додавајќи дека не се сеќава добро на пораките во кои се споменуваат девојките.
Тој нагласи дека неговиот однос со Епстин бил „само на ниво на комуникација, а не на дејствување“, додавајќи: „Денес ја плаќам цената за тоа што го познавам“.
Името на Лајчак се појави во неколку размени на пораки што покренаа прашања за природата на контактите, и покрај неговата долга кариера во дипломатијата, каде што беше министер за надворешни работи на Словачка и претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија.
Лајчак се оправда дека доколку однапред ја знаел криминалната природа на постапките на Епстин, немало да комуницира со него и не може да ја потврди целосната точност на сите пораки што циркулираат.
По објавувањето на документите, Лајчак ја објави својата оставка од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо, додавајќи неизвесност во неговиот професионален ангажман во дипломатијата.
Фицо одби да го разреши Лајчак и покрај притисокот од коалицискиот партнер


