Лајчак - Фицо / Фото: EPA/JAKUB GAVLAK

Фицо ја прифати оставката на Лајчак, по објавената комуникација со Епстин

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прифати оставката на својот советник Мирослав Лајчак, откако неговото име се појави во документи поврзани со американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, пренесува Индекс.

Лајчак претходно ја понуди својата оставка, а Фицо ја прифати, иако неговиот советник ги отфрли наводите што произлегуваат од објавените документи. Премиерот оцени дека случајот се користи за политички напади.

Епстин му нудел „жени и нивните сестри“ на словачкиот политичар Мирослав Лајчак

„Одамна не сум видел толку лицемерие. Сè се користи за да се нападне“, изјави Фицо, додавајќи дека ја прифаќа оставката и покрај тоа што, како што рече, Словачка губи „неверојатен извор на дипломатско и надворешнополитичко искуство“.

Оставката на Лајчак ја побараа претставници и на опозицијата и на владејачката коалиција, по објавувањето на документите од страна на американското Министерство за правда.

По објавата на материјалите, Лајчак јавно ги негираше сите обвинувања, тврдејќи дека никогаш не му биле понудени сексуални услуги и дека не учествувал во активности поврзани со Епстин.

„Подготвен сум ова да го потврдам на кој било начин. Како професионален дипломат, не сум толку наивен да направам нешто што би можело да ме дискредитира“, изјави Лајчак, како што пренесе словачката новинска агенција TASR.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот