Фото: EPA/Tamas Vasvari

Миовски од клупата го гледаше дербито меѓу Ренџерс и Селтик

Денеска во дербито од 29 коло во најсилното шкотско првенство фудбалерите на Ренџерс и Селтик одиграа нерешено со резултат 2:2 (2:0).

После првото полувреме водеа домаќините на Иброкс стадионот во Глазгов со головите на Јусеф Шермити во осмата и 26 минута од натпреварот.

Гостите намалија во 56 минута преку Тирни, а во финишот, поточно во судиското надополнување (90+1`) Хатате веднаш по нереализираниот пенал, ја испрати топката во мрежата на Батленд.

Иако беше на клупата за резервни играчи, македонскиот репрезентативец Бојан Миовски остана на клупата кај домаќините.

Ренџерс кој го запиша 12 реми сезонава е на второто место со 57 бодови, зад водечкиот Хартс (63), а на третата позиција е Селтик со 55 бодови, но и еден натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот