Денеска во рамките од 11 коло во најсилниот унгарски шампионат МТК со резултат 0:1 славеше против Мезекевешд.
Стрелец на единствениот погодок беше фудбалерот од Нигерија, Жорж Икене-Кинг во 21 минута од средбата на теренот во „Варош“ стадионот.
После настапите со македонската У21 репрезентација, нашиот играч Бојан Миовски им се врати на клупските обврски и го одигра целиот меч за МТК.
Ова е петти триумф сезонава, трет по ред за моментно трето место на МТК во генералниот пласман со 18 бода, два помалку од водечкиот Ференцварош кој до сега има осум одиграни натпревари.
А токму лидерот Ференцварош според календарот е следниот противник на Македонецот во првенството, дуел кој ќе се одигра за седум дена.