Министерство за правда за Груевски: И да има унгарско државјанство, постапката за екстрадиција продолжува
Постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта за да не оди во затвор, продолжува независно од сите шпекулации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, велат од Министерството за правда откако унгарските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации од владини извори објавија дека Груевски има унгарско државјанство.
Препорачано
-Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки. Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија – велат од Министерството.
Документите за екстрадиција уште се комплетираат и се очекува за кратко да бидат испратени.


