Цени во маркети / Фото: Dmitriy Shironosov / Alamy / Profimedia

Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818  денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци, јануари, февруари, март и април 2026 година, изнесува 3.305.денари.

За храна и пијалаци потребни се 26.085 денари, по што следуваат образование, 7.000, денари, станарина, вода, електрична енергија и греење, 6.338 денари,  облека и обувки, 6.129 денари, рекреација и култура, 5.592, транспорт, 4.961, ресторани и хотели, 4.131, лична хигиена и одржување на хигиена во домот, 2.667 денари, комуникации 3.417, здравје, 1.185.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот