Милик: Мора да бидеме брзи, ќе ни треба „скутер“ за да го стигнеме Мбапе

Полјаците подготвени за дуелот со светскиот шампион Франција/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска полскиот репрезентативен напаѓач Аркадиуш Милик се пошегува во најавата пред утрешниот осминафинален натпревар против актуелниот шампион Франција на Светското првенство во Катар.

Со почеток од 16.00 часот Полјаците ќе се обидат да го елиминираат актуелниот светски шампион.

– Како да се браниме од Килијан Мбапе? Мора да бидеме брзи, потребен ни е скутер за да стигнеме до него. Тешко е да се игра против еден од најдобрите во светот. Ќе мора да се браниме како тим, бидејќи никој не би можел да достигне до него – изјави Милик.

Напаѓачот на Јувентус, исто така, ја истакна важноста на голманот на неговиот тим, Војчех Шчесни, кој веќе одбрани два пенали за време на групната фаза на Мундијалот.

– Неговата вредност е позната одамна, па не случајно е на ова ниво – рече Милик.

Селекторот на Полјаците, Чеслав Михневич призна дека неговиот тим веројатно ќе има мали шанси против светскиот првак Франција.

– Ги барав нивните слабости и не ги најдов. Но, секој тим има фази од играта каде што прави грешки. Ќе мора да ги искористиме и постојано да ги притискаме да грешат – вели Михневич.

Дешан: Не смееме да паднеме во замката да се фокусираме само на Левандовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот