Дешан: Не смееме да паднеме во замката да се фокусираме само на Левандовски

Селекторот на Франција, Дидие Дешан/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Утре, в недела, со почеток од 16.00 часот во осминафиналето на Светското првенство во Катар ќе играат репрезентациите на Франција и Полска на стадионот „Ал Тумама“ во Доха.

Актуелниот светски шампион Франција го освои првото место во групата „Д“ со две победи над Австралија (4:1) и Данска (2:1), а во посследното трето коло загуби од Тунис (0:1).

– Полскиот тим мораше да се брани во групната фаза и тоа го направи добро. Мислам дека дури и тие сакаат да се бранат, но од друга страна имаат многу добри напаѓачи. Тие се тврд тим, искусен на сите позиции, сите играчите се искусни интернационалци – изјави францускиот селектор Дидие Дешан.

Секако, еден се издвојува во редовите на полската селекција, играчот на Барселона – Роберт Левандовски, најдобар стрелец, кој го постигна својот прв гол во Катар Мундијалите.

– Јасно е дека тој е стрелец кој може да направи разлика на натпреварите. Мораме да го намалиме неговото влијание врз играта, колку помалку топки добива, толку помалку може да направи. Но, тој е и многу талентиран, знае како да го користи своето тело. Во претходните натпревари немаше многу шанси, но често една му е доволна. Не смееме да паднеме во замката да се фокусираме само на него, туку дека може да биде опасен, тоа е јасно – рече Дешан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот