Милијарди за Денвер, НФЛ тимот доби нови сопственци

Денвер бронкос има три титули во НФЛ лигата/фото: EPA/TONY AVELAR

НФЛ тимот на Денвер бронкос стана најскапо продаден спортски клуб во САД откако новите сопственици платија дури 4,65 милијарди долари.

Нови сопственици на Денвер бронкос кој има три шампионски титули во НФ лигата е групата Волтон-Пенер која ја предводи милијардерот и претседател на „Волмарт“, Роберт Волтон.

Досегашниот рекорд на најскапо продаден спортски клуб во САД го држеше бејзбол тимот на Њујорк метс кој беше продаден за 2.4 милијарди долари. Најскапо продаден НФЛ тим е Каролина пантерс за која новиот сопствени Дејвид Тепер во 2018 година плати 2,28 милијарди долари.

Продажбата на Денвер започна во 2019 година кога почина тогашниот сопственик Пет Боулен кој бронкос го купи во 1984 година за околу 70 милиони долари.

– Среќни сме што успешно ја завршивме работата за купување на Денвер бронкос. Кери, Грег и јас сме воодушевени од можноста што ни се укажа бидејќи сега сме дел од големата заедница на Денвер. Долго време живеев и работев во Колорадо и им се воодушевував на бронкос – изјави Роберт Волтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот