Милевски со тројца дебитанти на стартот од Лигата на нации 

Милевски ја освежува репрезентацијата во Лигата на нации/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот од идниот месец по трет пат ќе учествува во Лигата на нации и ќе се обиде да ја прескокне дивизијата Ц и да оди едно скалило погоре.

Фудбалерите се наоѓаат во групата 4 во дивизијата Ц и за противници ги имаат селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Македонија настапите ги започнува на 2. јуни со гостувањето кај Бугарија во Разград, а три дена подоцна му гостуваат на Гибралтар.

Ибраниците на селекторот Благоја Милевски, натпреварите од третото и четвртото коло (9. и 12. јуни) ќе ги играат на домашен терен на Националната Арена „Тодор Проески“.

Милевски на стартот од новото издание во Лигата на нации, одлучи да им даде одмор на дел од стандардните репрезентативци кои настапија во бараж натпреварите против Италија и Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.

Поштеда од првите четири кола ќе добијат Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, додека Тихомир Костадинов отпадна поради операцијата на лигаментите.  Како нивна замена, Милевски ги повика поранешните младински репрезентативци Енис Фазлагиќ од Висла Краков, Томче Гроздановски од Злате Моравче и  Бојан Димовски од Академија Пандев кои за прв пат ќе бидат дел од А репрезентацијата на Македонија.

– Се надевам на многу позитивни работи во претстојниот период иако распоредот ни наметнува четири меча за десет дена, а фудбалерите штотуку завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои се повредени. Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите што ги одиграа натпреварите за пласман на СП, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата. Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за ЕП е закажана во октомври.

Список на повикани фудбалери:
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дамјан Шишковски (Докса), Кристијан Наумовски (Шкупи), Дени Илиев (Тренцин).

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Дарко Велковски (Ријека), Висар Муслиу (Инглоштат), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол), Езѓан Алиоски (Ал Ахли), Тодор Тодоровски (Серед), Стефан Ашковски (Сепси), Никола Серафмов (Залаегерсег), Ѓоко Зајков (Славија Софија), Бојан Димоски (Академија Пандев).

СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Леванте), Стефан Спировски (МТК), Енис Фазлагиќ (Висла Краков), Томче Гроздановски (Злате Моравце), Ердал Ракип (Малме), Бобан Николов (Шериф Тираспол), Давид Бабунски (Дебрецин).

НАПАД: Милан Ристовски (Спартак Трнава), Бојан Миовски (МТК), Дарко Чурлинов (Шалке 04), Александар Трајковски (Ал Фејха), Ваљон Етеми (Истанбулспор), Дориан Бабунски (Дебрецин).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот