Милевски: Ова се момци за кои вреди да се живее и со кои се гордеам

Селекторот Благоја Милевски/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентацијан на Македонија вечерва оствари историски триумф, го победи четирикратниот светски шампион и актуелен европски првак Италија и тоа во Палермо со 1:0 и си обезеди финале во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

Огромни заслуги за успехот покрај фудбалерите кои играа перфектно на теренот на „Ренцо Барбера“ стадионот, има и селекторот Благоја Милевски.

– Ова се момци за кои вреди да се живее. Ова се момци со кои се гордеам. Сакам да останат такви какви што се, сакам да останат вечно вакви. Знаевме што сакавме, чекавме да ни се укаже можност. Тактиката не беше за два шута еден гол, но секако бевме подготвени да се изненади европскиот шампион и да го изненадиме со триумф за место во финалето – изјави популарниот сер Боби на прес-конференцијата.

Последна пречка пред „црвено-жолтите“ е селекцијата на Португалија, а натпреварот ќе се игра на 29 март.

– Да се победи еден европски шампион не е мала работа. Но, не застануваме тука. Не очекува Португалија кој е последен чекор до пласман на Светско првенство. И веќе нема бегање, од утре сите мисли се насочуваат кон Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот