Миленикот на кој жените се уште не можат да му одолеат: Бон Џови и на 58 години е во топ форма (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Фронтменот на групата „Bon Jovi“, Џон Фенсис Бон Џови Џуниор, попознат како Џон Бон Џови (58), бил фотографиран додека џогирал во Хемптонс, а во таа прилика покажал дека се уште е во добра форма и дека има затегнати мускули.

Наградуваниот музичар бил фотографиран во спортско издание, а папараците не му го расипале расположението бидејќи постојано се смеел додека трчал.

За таа прилика, Џови носел темно сина маица без ракави и шорцеви во истата боја, додека на главата носел сив качкет и сини патики. Во оваа комбинација биле воочливи неговите мускулести раце и нозе, како и тетоважата на рамената.

Фото: Профимедиа

„Со години вежбав на лента за трчање, а сега ќе почнам да се занимавам со јога и ќе уживам во тоа. Јас сум човек од 21 век“, изјавил легендарниот пејач во едно интервју.

За време на карантинот во текот на пандемијата на коронавирусот тој приреди виртуелен концерт, а наскоро би требало да го објави својот нов музички албум „Bon Jovi: 2020“ кој фановите ширум светот со нетрпение го очекуваат.

Да се потсетиме, славниот рокер Џон Бон Џови за време на својата успешна кариера, која трае речиси четири децении, заработи многу пари, а милионска цифра искешира со цел да си купи нова куќа.

Фото: Профимедиа

Тој купи вила во Палм Бич, а целата трансакција чинеше неверојатни 43 милиони долри.

Новата вила на Џон Бон Џови има поглед на океан, исто така седум спални соби и исто толку бањи. Во внатрешноста е сместена прекрасна трпезарија, голема кујна, соба за тренинг, лифт, како и вински подрум со контролирана температура.

Тој претходно го продаде својот дом кој се наоѓа во близина на неговиот нов дом, и тоа за сума од 20 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот